Вести Македонија Топ вести

Блинкен повика на брз влез на Македонија во ЕУ, благодарност до Скопје за поддршката за Украина

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен разговараше со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, јавија од американскиот Стејт департмент.

Блинкен ѝ се заблагодарил на Македонија за нејзината непоколеблива и цврста поддршка за Украина во време на континуирана брутална агресивна војна на претседателот Путин, изјави порттпаролот Нед Прајс

Блинкен, исто така, ја нагласил силната поддршка на САД за брз влез на Македонија во Европската Унија, се вели во изјавата.

Портпаролот Прајс рече дека Блинкен лично му се заблагодарил на премиерот Ковачевски за посветеноста на Македонија кон НАТО, како најнова членка, како и за прифаќањето на авганистанските евакуирани бегалци. Блинкен истакнал дека САД очекуваат понатамошна блиска соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за стабилноста во регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе