Вести Свет

Лавров пристигна во Кина, на прва средба со министерот за надворешни работи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утринава пристигна во Кина во својата прва посета откако Москва ја започна инвазијата на Украина минатиот месец.

Руското Министерство за надворешни работи потврди дека Лавров слетал во источниот град Хуангшан, објавувајќи фотографии од делегатите како излегуваат од авионот и биле пречекани од кинески здравствени службеници во заштитни одела.

Лавров ќе присуствува на серија состаноци организирани од Кина, на кои ќе се разговара за начините за помош на Авганистан. Се очекува да присуствуваат и дипломати од САД и од соседен Авганистан.

 

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска се сретна со неговиот руски колега Сергеј Лавров во источната кинеска провинција Анхуи, јави државната телевизија ЦГТН.

Лавров треба да присуствува на два состаноци за ситуацијата во Авганистан заедно со претставници на Пакистан, Иран, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан, додава ЦГТН.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Азески во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе