Вести Македонија Топ вести

ДЗС: 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци

Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 %Турци, 2,34 % се Роми, 1,18% се изјасниле како Срби, 0,87% се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Од жителите кои се резиденти и живеат во државата, во етничкиот состав има 58,44 % Македонци, 24,3% се изјасниле како Албанци, трета етничка заедница се Турците кои се 3, 86% од бројот на резидентните жители во Македонија.

Според пописот 2 53% се изјасниле како Роми, 1,3 % се Срби од резидентните жители, а под еден процент се Бошњаци со 0,87 % од населението кое е во државата, и Власите со 0,47%.

Процентот на резиденти е повисок од процентот во вкупно попишаните граѓани кај Македонците, Србите, Ромите и Власите. Спротивно, процентот на вкупно попишаните Албанци и Турци е повисок од процентот на резидентите -Албанци и Турци.

Дијаспората е клучна за оваа разлика, односно од попишаните во странство над 66 % се изјасниле како Албанци, додека процентот на Македонци е околу 24 % од попишаните во дијаспора. Во странство се попишале вкупно 260.606

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе