Вести Свет

Британско разузнавање: Руските сили трпат загуби, се повлекуваат поради реорганизација

Руските сили претрпуваат големи загуби и се принудени да ги реорганизираат своите војници, соопшти британското Министерство за одбрана, додавајќи дека руските војници се враќаат во Белорусија и Русија за да се реорганизираат и снабдуваат.

Последната анализа на британското разузнавање доаѓа откако руската војска соопшти дека драстично ќе ги намали воените операции во близина на Киев во согласност со вчерашните мировни преговори во Истанбул.

Во соопштението на Министерството за одбрана се вели: „Руските единици кои претрпеа големи загуби беа принудени да се вратат во Белорусија и Русија заради реорганизација и снабдување.

Таквата активност врши дополнителен притисок врз и онака проблематичната логистика на Русија и ги покажува тешкотиите со кои се соочува Русија во реорганизацијата на своите единици во Украина.

Русија најверојатно ќе продолжи да компензира за намалената способност да напредува на копно со масивни артилериски и ракетни напади.

Наведеното фокусирање на Русија на офанзивата во Доњецк и Луганск е веројатно премолчено признавање дека таа се бори да одржи повеќе од една значајна оска на напредок“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе