Вести Македонија Топ вести

Австриската министерка за ЕУ во Бугарија гледа подготвеност да се реши прашањето со Македонија

Средба со македонскиот претседател, премиер, парламентарниот спикер, неколку министри, две прес-конференции и една порака – повеќе од неоходно е сега да се направи следниот чекор во разговорите меѓу Македонија и Бугарија, но и следниот чекор од Европската унија за одржување на брз меѓувладина конференција со земјава. Ова е сублиматот од посетата на австриската министерка за ЕУ и уставни прашања, Каролине Едштадлер, кој во Македонија допатува со оптимизам дека има придвижување во релациите меѓу Скопје и Софија, а од каде заминува со, како што рече, со добро чуство дека проблемите меѓу двете земји ќе се решат.

Ние не можеме се разбира да дадеме решение однапред за билатералните разговори. Но верувајте ми во едно, последниве години, за последниве две години е така, за да почне процесот на пристапување на Северна Македонија и Албанија, верувајте дека немавме партнери за разговор во Бугарија, но сега притисокот е поголем. Така што сега веќе и кај нив постои готовност за решавање на проблемот, рече Едштадлер

Појаснување на што конкретно се должи оптимизмот, не само кај Едштадлер, туку и кај бугарските и македонските претставници околу процесот кој треба да ги затвори отворените политички прашања меѓу двете земји конкретно не стигна ни од двајцата македонски министри кои се најдиректно инволвирани во тоа. Вицепремиерот за европски прашања кој прв одржа прес-конференција со Едштадлер за тоа го употреби веќе познатата реторика, дека кога ќе има конкретен документ околу кој двете страни ќе се согласат, тогаш јавноста ќе биде информирана.

За сите отворени прашања разговараме и сме подготвени да разговараме и наша цел е да најдеме достоинствено решение кое што ќе има јасни обврски на двете страни и на наша и на бугарска во односн на нимплементацијата на тоа што ќе бид едоговорено, рече Маричиќ.

Министерот за надворшени работи, Бујар Османи, со кого австриската министерка шест час по Маричиќ повторно застана пред новинарите, оптимизмот, како што рече го темели на и динамиката на средбите, како на работните групи, така и на политичките претставници меѓу двете земји. Сепак, Османи, и во оптимизмот е претпазлив.

Се додека имаме разлика за еден елемент од целиот пакет не можам да кажам дека имаме решение за зелиот пакет. Меѓутоа динамиката, волјата пристапот, даваат надеж. Дали ќе има решение не може никој да потврди во моментов, изјави Османи.

Ни Маричиќ, ни Османи иако потврдија дека има напредок во работата на Комисијата за историски прашања меѓу двете земји, за што пред два дена информираше бугарскиот премиер Кирил Петков, не кажаа кој е конкретното поместување по историските прашања. Според Маричиќ, самата комисија треба да извести за напредокот кој го постигнала, додека Османи на став дека резултатите кои ги постигнала Комисијата не треба да бидат објавени пред да се најде договор за сите прашања.

Австриската министерка за ЕУ посетата ја искористи да упати повик и до македонските граѓани, да не губат надеж и да веруваат во Европската унија, која, како што рече ќе направи се и дтаа да ги направи да се направи слендиот чекор, а тоа е брзо одржување на меѓувладината конференција со Македонија. Едштадлер овој повик го стави во контекст намерата на Русија по инвазијата врз Украина да ја подели Европа, што, според неа, Унијата не смее да го дозволи.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе