Вести Свет

Саудиска Арабија: Нема да го напаѓаме Јемен за време на Рамазан

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против Хутите во Саудиска Арабија објави дека денеска ќе ги запре воените операции, откако ОН повикаа на прекин на огнот за време на светиот муслимански месец Рамазан.

ОН работеа со воената алијанса и проиранските Хути кои се во војна од 2015 година за да постигнат мировен договор и договор за ублажување на хуманитарната криза во таа сиромашна земја.

Прекинот на огнот е најзначајниот чекор во мировните напори во последните три години, бидејќи меѓународната заедница се обидува да стави крај на седумгодишниот конфликт во кој загинаа десетици илјади и остави милиони на работ на глад.

„Командата на здружените сили објави дека ќе ги прекине воените операции во Јемен од 6 часот наутро во среда“, саудиската новинска агенција СПА  го цитираше портпаролот на коалицијата, бригадниот генерал Турки ал-Малки.

Одлуката е донесена во услови на меѓународни напори да се стави крај на јеменската криза и да се постигне сеопфатно политичко решение, додава агенцијата.

Во својот предлог, ОН повикува на прекин на огнот за време на Рамазан во замена за дозволување на бродовите да влезат во пристаништето Ходеида што го држат Хутите и мал број комерцијални авиони да го користат аеродромот во Саана, велат изворите. Рамазан започнува овој викенд.

Аеродромот Саана е затворен од 2015 година, кога коалицијата интервенираше откако Хутите ја соборија владата на Абд-Рабу Мансур Хади во 2014 година.

Коалицијата го контролира јеменското море и воздушен простор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода под истрага и на лабораториска анализа- над 1.200 луѓе пријавиле симптоми на труење

Дејан Дејан

МОН го објави конкурсот за студентските домови – во реновираниот дом „Стив Наумов“ ќе се плаќа 6600 денари додека во другите 3410 денари

Tea Dimkovska

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе