Закажана па одложена. Процедуралните забелешки на членовите на Комисијата за финансирање и буџет не дозволија да отпочне седницата на која на дневен ред беа законите за финансиска полиција, за јавни набавки, за буџети и други. Пратениците од опозицијата побараа да се изберат новите членови на работните тела кои треба да ги заменат оние кои станаа градоначалници.
СДСМ тврди дека проблемот не е кај нив туку кај ВМРО ДПМНЕ кое според координаторот на пратеничката група Јован Митрески има намера да ја блокира работата на Собранието.
Комисијата беше прекината а законите повторно ќе чекаат во пратеничките фиоки.
Јулијана Пешевска
