Вести Свет

Бајден: Го предупредив кинескиот претседател, му реков дека може да зажали

„Кина разбира дека нејзината економска иднина е многу посилно поврзана со Западот отколку со Русија“, рече американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со кинескиот лидер Си Џинпинг.

Тој вели дека го предупредил Кси дека Пекинг може да жали што ја фаворизирал руската инвазија на Украина.

„Не се заканив, но јасно му кажав и се погрижив да ги разбере последиците од помагањето на Русија“, рече Бајден.

„Го истакнав бројот на американски и странски корпорации кои ја напуштија Русија како резултат на нејзиното варварско однесување. Кина разбира дека нејзината економска иднина е многу посилно поврзана со Западот отколку со Русија“, додаде Бајден.

Кина сè уште не ја осуди руската инвазија на Украина, иако изрази „длабока загриженост поради ситуацијата, како и западните санкции“, кои ги смета за контрапродуктивни и еднострани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе