Јана има 10 години и ја избегна војната во Украина. Би-Би-Си за неа пишува во краток текст придружен со видео „Запознајте бегалец од Украина кој сака да се смее“.
Пред три недели започнала на училиште во полската престолнина Варшава, а веќе стекнала нова најдобра пријателка Алиша, пишува Би-Би-Си.
“Мило ми е што стана моја пријателка. Да не беше таму, никогаш немаше да се смеев толку силно. Комуницираме преку Гугл транслејт. Постојано и велам да не се грижи за тоа што се случува во Украина”, рекла Алиша за Би-Би-Си.
Во Полска има речиси милион деца од Украина
Во училиштето веќе има 60 украински ученици бегалци, а се очекува да пристигнат уште многу.
Јана е само еден од повеќе од три милиони бегалци кои ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија пред еден месец.
Околу два милиони бегалци, од кои речиси половината се деца, се згрижени во Полска.
