Вести Свет

Десетици луѓе чекаат ред за леб во Мариупол

Десетици  Украинци чекаат ред за храна и други потреби во делот на Мариупол, кој е под руска контрола.

Иако бројните обиди да се создадат хуманитарни коридори и да се договорат за привремени прекини на огнот кои ќе им овозможат на Украинците да го напуштат Мариупол пропаднаа, дел од помошта и залихите пристигнаа вчера во делот на градот кој е под контрола на руските сили.

Повеќе од 100 луѓе трпеливо чекаа во редот за кутии со храна и добротворни цели кои се делат од камиони, објави новинската агенција Ројтерс.

„Понекогаш не дознаваш на време“

Младата мајка на две деца, Анџелина, рече дека и дале леб и храна, додавајќи дека се чувствува среќна што стигнала до залихата на време. „Не секогаш дознаваш… а потоа пристигнуваш предоцна“, рече таа.

„Сега е тешко да се тргне со автобус. Се надеваме дека ќе се намали бројот на луѓе кои се обидуваат да излезат и дека ќе ни биде полесно да тргнеме“, додаде таа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе