Вести Свет

Романски борбени авиони следеле патнички авион на лет од Москва кон Истанбул, откако била примена дојава за бомба во авионот

„Романските воздухопловни сили извршија мисија во националниот воздушен простор за пресретнување и придружба на цивилен авион на ‘Туркиш ерлајнс’ што леташе од Москва до Истанбул. Пред тоа, од цивилната контрола на летање е добиена дојава дека во авионот е поставена бомба“, сопштува романското Министерство за одбрана.

Авионот безбедно слетаа во Истанбул, но ова е втора закана за бомба во последните три дена за романските воздухопловни сили. На 19 март, Ф-16s беа принудени да го придружуваат и летот на Визер од Грузија до Варшава, во Полска.

Стравувањата од бомби се се почести ширум светот и речиси секогаш резултираат со лажни аларми. Најавите се зголемија  последните неколку дена поради зголемената тензија во регионот по руската инвазија на Украина и различните санкции наметнати на Москва. Туркиш ерлајнс и Ер Србија се единствените авиокомпании кои им дозволуваат на патниците да патуваат меѓу Русија и Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе