„Романските воздухопловни сили извршија мисија во националниот воздушен простор за пресретнување и придружба на цивилен авион на ‘Туркиш ерлајнс’ што леташе од Москва до Истанбул. Пред тоа, од цивилната контрола на летање е добиена дојава дека во авионот е поставена бомба“, сопштува романското Министерство за одбрана.
Авионот безбедно слетаа во Истанбул, но ова е втора закана за бомба во последните три дена за романските воздухопловни сили. На 19 март, Ф-16s беа принудени да го придружуваат и летот на Визер од Грузија до Варшава, во Полска.
Стравувањата од бомби се се почести ширум светот и речиси секогаш резултираат со лажни аларми. Најавите се зголемија последните неколку дена поради зголемената тензија во регионот по руската инвазија на Украина и различните санкции наметнати на Москва. Туркиш ерлајнс и Ер Србија се единствените авиокомпании кои им дозволуваат на патниците да патуваат меѓу Русија и Европа.
