Вести Свет

Украинска армија: Успеавме да го запреме рускиот напредок на повеќе фронтови

Украинските сили тврдат дека држат позиции на повеќе фронтови во битките со руската армија, речиси еден месец по почетокот на руската инвазија. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека напредокот на Русија е запрен на повеќе фронтови, наведувајќи го Славјанск во областа Доњецк на југоисток.

Миколаив на југ и Чернихив на североисток успешно се бранат, соопшти украинската страна. Што се однесува до Мариупол, крајбрежен град на југоистокот на земјата, кој е блиску до руската граница и во кој со недели се водат жестоки борби, украинската армија тврди дека се брани од напади од сите страни. Овие тврдења не се независно потврдени.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерите Ка-52 го уништиле складиштето за муниција на Украина без да прецизира локација.

Зеленски: Правдата ќе дојде за руските пилоти

Рано во средата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека преговорите со Русија биле исклучително тешки.

„Тие се исклучително тешки, понекогаш скандалозни, но ние напредуваме чекор по чекор“, рече украинскиот лидер, додавајќи дека преговорите се водат секој ден.

Тој изрази надеж дека претстојните самити на Г7, НАТО и Европската унија ќе резултираат со дополнителна помош и нови санкции против Русија.

Тој ги предупреди пилотите на руските борбени авиони кои ја напаѓаат земјата дека правдата ќе дојде до нив.

„Ќе одговорите, вака или онака“, рече тој.

Украина тврди дека соборила стотици руски авиони од почетокот на инвазијата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе