Вести Свет

Руската армија е целосно деморализирана, тврдат Украинците

Украинската армија во својот извештај утринава тврди дека руските сили во Украина се целосно деморализирани, поради што Русија е принудена да ангажира поранешни војници за да ги надомести големите загуби.

Воените службеници активно ги повикуваат пензионираните војници, особено оние кои веќе имаат искуство во борба, тврди украинската војска во новиот дневен извештај на Фејсбук.

Тие велат дека „руските сили се деморализирани“ поради отпорот на Украина во делови од земјата, пред се на исток и југ. Што се однесува до Мариупол, кој има околу 100.000 жители кои се опколени од руските сили и немаат пристап до храна и лекови, Украинците тврдат дека во тој град спроведуваат т.н. „кружна одбрана“.

Русите се закопуваат, тврдат Украинците

Западните разузнавачки агенции наведуваат дека Русите не напредуваат во Украина, туку копаат и ги зајакнуваат одбранбените позиции. Според најновата проценка на Институтот за воени студии, руските сили не извршиле значајни напади оваа недела.

Украинската армија наведува и дека ги евидентира активните напори на Русите да го зголемат количеството на руска и белоруска воена опрема долж границата, но не соопштуваат детали. Белорусија, да потсетиме, ја поддржува Русија во инвазијата на Украина.

Украинците, исто така, тврдат дека ги провериле извештаите дека противниците на војната во Белорусија делумно отстраниле дел од железничката линија меѓу земјата и Украина.

Украинските тврдења сè уште не се независно потврдени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе