Вести Свет

Пристигнаа нови сателитски снимки од Мариупол. Градот изгледа страшно

Максар  објави нови сателитски снимки од украинскиот град Мариупол, кој руските сили френетично го бомбардираат и гранатираат со недели.

Повеќе од 80% од станбените згради во тој град се оштетени, а многу се урнати. Украина го отфрли ултиматумот на Русија, која бараше предавање на градот. Мариупол е последниот голем град во тој дел од земјата што е под контрола на Украина.

Денес, руски функционер во интервју за РИА Новости откри зошто Русите се толку очајни да го освојат Мариупол.

Новите фотографии објавени од Максар покажуваат густ чад што се издига од низа станбени згради во Мариупол поради руските бомбардирања. Пред војната во градот живееле околу 400.000 луѓе. Сега, според достапните податоци, останаа околу 100.000.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе