Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утринава изјави дека ако мировните сили бидат испратени во Украина, тоа би можело да започне конфликт меѓу Русија и НАТО, пишува Скај њуз.
Полска претходно предложи испраќање меѓународни мировници во Украина за да им помогнат да се одбранат.
Тој им зборуваше на студентите за конфликтот меѓу Украина и Русија
Лавров утрово одржа говор пред студентите и вработените во Московскиот државен институт за меѓународни односи, каде ги повтори работите што претходно ги кажа за конфликтот меѓу Украина и Русија.
Меѓу другото, тој зборуваше и за неонацизмот кој е широко распространет во Украина и рече дека Западот ја исклучува Русија.
