Вести Свет

Зеленски: Обединетите нации не и помагаат доволно на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава се обрати пред јапонскиот парламент и рече дека меѓународната заедница не помага доволно, а со тоа особено мисли на Обединетите нации, пишува Скај њуз.

Тој исто така рече дека руските сили ја користат областа Чернобил за да се подготват за нови напади.

Тешки борби во украинските градови

Тој додава дека борбите во некои области се толку тешки што луѓето не можат ниту да ги погребаат своите мртви роднини.

Зеленски во последните недели се обрати до голем број меѓународни политичари, а неговиот говор во француското национално собрание беше најавен денеска.

Украинскиот претседател денеска изјави дека околу 100.000 цивили се заробени во опколениот Мариупол и живеат во нехумани услови, без храна, лекови и вода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе