Вести Свет Топ вести

Денеска итна вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

За денеска е свикана итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која треба да се договорат потезите поврзани со растечката хуманитарна криза во Украина.

САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Норвешка и Албанија побараа итен состанок, соопштија дипломатски извори, поттикнати од интензивното гранатирање на руските сили во станбените области на украинските градови во последните денови.

САД, Велика Британија и Франција се постојани членки на Советот, заедно со Русија и Кина.

Најавено е дека се водат разговори за да му се овозможи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува пред Генералното собрание на Обединетите нации, во кое свои претставници имаат сите земји-членки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир2 по писмената верзија на пресудата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе