Физичко лице со фантом фирма фалсификувало хрватски документи и потписи од директори за ИСО сертификати, а битолска фирма за сервисирање и монтажа на лифтови со лажната документација конкурирала и најверојатно добивала тендери во болници и јавни установи.
Скандалот го обелодени државната комисија за спречување корупција и побара од обвинителството да го истражи случајот и да поднесе кривични пријави.
Оваа фирма била поврзана уште со две други фирми од Скопје, кои работат исто така на монтажа, сервисирање и одржување лифтови, од причина што управителот на оваа фирма е вистински сопственик на овие два други трговски субјекта.
Георгиев посочи дека случајот го открила комисијата за јавни набавки во Градската општа болница 8 Септември.
Комисијата пријавила сомневање за користење фалсификувани ИСО сертификати од стана на фирма за сервисирање, ремонт и монтирање лифтови, со цел да добие тендер во Болницата.
Колкав е обемот на проневерата ДКСК бара да се истражи, бидејќи во портфолиото на фирмата стои дека за 4 години добиле над 90 јавни набавки и завртеле стотици илајди евра буџетски пари.
Монтирале, сервисирале и одржувале лифтови во болници и јавни установи.
И владата доби предупредување и да ги известат сите надлежни органи во постапките за лифтови доколку се појави таа фирма.
Штети и жртви нема пријавено, но сеуште останува неодговорно прашањето до надлежните институции кој ги инсталира и монтира лифтовите во јавните установи каде циркулираат илјадници граѓани дневно, со оглед дека затаил процесот на проверка на овие безбедноси сертификати.
Павле Беловски
