Вести Македонија Топ вести

Градоначалниците тврдат дека секој денар им е важен, но јавни огласи има и среде општа криза

Градоначалниците тврдат дека секој денар им е важен, но јавни огласи има и среде општа криза.

На 9 март на веб-страницата на Општина Карпош осамна јавен оглас за избор на автошкола. Општината ќе субвенционира млади, за теоретски и практичен дел во процесот до возачка дозвола.

Два дена подоцна, градоначалникот Јакимовски како и речиси сите други негови колеги градоначалници, јавно се пожали за финансиската состојба на општината.

„Ние сакале или нејќеле во Општина Карпош сме спуштени на биолошки минимум. Во ова време да дадеме пример и на граѓаните дека доаѓаат тешки времиња и дека треба максимално да се мобилизираме затоа што ќе биде битка за секој денар“, вели Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош.

Денес тече вториот ден откако Заедницата на единиците на локалната самоуправа даде краен рок на Владата.

Од Владата ниту денес не одговараат на прашањата на Телма, дали воопшто се разгледуваат барањата на ЗЕЛС и каков им е ставот по тоа прашање.

А, општините бараат финансиска помош од државата затоа што општата криза удрила и по нивните буџети.

„Енергетската криза нѝ создава сериозни проблеми. Нафтената криза и покачувањето на цените на енергенсите, на нафтата, сериозно ќе влијае на ликвидноста и на јавните претпријатија и на Општина Штип затоа што сме директно засегнати. Јавните претпријатија користат огромна количина на нафта за сервисирање на основните обврски кон граѓаните“, тврди градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Во една прилика кон средината на минатиот месец, премиерот Ковачевски до ЗЕЛС порача дека влијание во кризата имаат и дел од градоначалниците, со некои од своите нереални и економски невозможни ветувања од предизборието.

Тогаш, премиерот изјави дека општините треба да бидат одговорни и да штедат повеќе, а не само да бараат помош од Владата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе