„Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за 9 денари, премиерот Ковачевски предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не беше разбран од јавноста, туку не гарантира намалување на малопродажната цена на горивата“, рече членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Славески. Во однос на мерката за намалување на ДДВ за централното греење, електричната енергија и одредени видови животни намирници, опозициската партија смета дека тоа доаѓа предоцна.
Изминативе денови, ВМРО ДПМНЕ предложи акцизите на горивата да се намалат за 50% и да се укине ДДВ за прехранбените производи. Побара итна седница со овие точки. Попладнево, седницата на која се и овие предлог закони, е закажана за вторник, 15-ти март.