Вести Македонија Топ вести

И по три и пол месеци Обвинителството сеуште со предистрага за „Беса Транс“

Како автобусот на „Беса Транс“ во која загинаа 45 патници во трагедијата во Бугарија нелегално и со фалификувани документи ја минувал границата Обвинителството веќе три и пол месеци истражува. Нема истрага, нема обвинение има предистражна постапка. Она што е познато, но уште од јануари, е дека сопственикот Хаџиу е сослушан и издадени се наредби до МВР, Царината, УЈП и дури институции за собирање докази. Бугарското Обвинителство ја затвори истрагата на 25 јануари лоцирајќи ја вината кај возачот.

Три и пол месеци трае предистрагата на Обвинителството која треба да утврди кој е виновен што автобусот на „Беса Транс“ во кој загинаа 45 мажи, жени и деца над 120 пати ја минал државната граница со фалсификувани документи. Обвинение нема а сопственикот Беким Хаџиу е достапен, соопштија денес од Обвинителството. Дали Хаџиу е во Македонија, нема одговор а на неговиот телефон одговори маж кој тврдеше дека е погрешен број.

  • „Во тек е предистражна постапка во рамките на која интензивно се прибираат вербални и материјални докази. Сопственикот на фирмата е достапен. По утврдување на сите факти и околности ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“ – Јавно Обвинителство.

Од она што е познато досега, а кое го соопшти републичкито Јавен обвинител Љубомир Јовески кон крајот на јануари, сопственикот Хаџиу два пати бил сослушан а Обвинителството издало наредби до МВР, Царината, Управата за јавни приходи, Централниот регистер и Бирото за вработување за да утврди како работела „Беса Транс“  и како автобусот ги минувал границите со фалсификуван извод од лиценца.

Надлежните потврдија дека автобусот на „Беса Транс“ во кој загинаа 45 патници, во периодот од октомври 2020 година па се до трагедијата на автопатот „Струма“ во Бугарија на 23 ноемви минатата година, над 120 пати излегол од државата преку граничните премини деве Баир, Блаце, Ќафасан и Делчево, секогаш приложувајќи фалсификуван извод од лиценца.  Цариниците не реагирале.

Автобусот го нема ни во електронската евиденција дека на 18 ноември, пет дена пред трагедијата, ја напуштил државата.

Досега одговорност понесоа само двајца цариници кои беа таа вечер на граничниот премин Деве Баир и кои беа суспендирани, за нивниот ракодводител Царината најави мерки за санкционирање а на „Беса Транс“, по неколку неуспешни обиди за увид од инспекторатите и беа одземени лиценците за превоз на патници и вршење на туристичка дејност.

Обвнителството во Бугарија пак на 25 јануари ја затвори истрагата за трагедијата и вината ја лоцираше кај возачот кој го управувал автобусот со несоодветна брзина за условите на патот и затоа ја изгубил контролата. Бугарските обвинители заклучија и дека нема причинско-последична врска меѓу несреќата и патната сигнализација но посочија дека ознаките на автопатот очигледно не ги исполнуваат условите и во меѓувреме поставија нови.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе