Вести Македонија Топ вести

Македонскиот амбасадор се враќа во Украина

МНР го враќа актуелниот амбасадор Крум Ефремов во Украина да помогне во евакуацијата на македонските државјани.

Министерството соопшти дека испраќа дипломатска екипа во Украина, покрај амбасадорот Ефремов и уште еден искусен конзуларен работник, кои ќе ги водат процесот на терен при асистирањето на евакуацијата на нашите државјани и со нив поврзаните украински граѓани.

МНР информира дека досега околу 50 македонски државјани ја напуштиле Украина, а уште 50 се уште се на украинска територија. Од нив, 25 ги имаат напуштено резидентните места, и во моментов се упатени низ утврдени безбедносни коридори.

МНР информира дека секое движење низ Украина е сериозно отежнато, се одвива по споредни рути кои се преполни, и оттука движењето е бавно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе