Обвинителството ги гони дека првиот ја основал, а другиот ја менаџирал озлогласената група на социјалните мрежи а денеска во завршните зборови пред финалниот чин – пресуда обвинителот побара од судот да ги осуди за виновни. „Јавната соба“ на сега обвинетите Дарко Костовски и Михаил Паневски ги кршела детските права. Се споделувале експлицитни фотографии и видеа, а според доказите на обвинителството кривичните дела се докажани, но штетата во општеството е ненадоместлива.
Основачот на групата Дарко Костовски се спротистави на обвинението помагал на истрагата а завршил во притвор кусо се обрати до судот.
И да сака да го осуди судот не може бидејќи обвинителот немал доволно докази, тврди адвокатот, пак, ана лицето кое според обвинението ја менаџирало тајната група со илјадници членови.
Скандалот со “Јавна соба“ беше обелоденет пред повеќе од една година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групатата на социјалната мрежа Телеграм. Групата беше затворена. За овој случај беше организиран и протест, а донесени се законски измени на Кривичниот законик со кои се предвидува ново кривично дело „Демнење“ и кое носи строги санкции за вознемирување и преку интернет. Јавноста се вознемири и исплаши но овој профил на прекршители на законот продолжија, па по првата следеа и втора а од неодамна и трета „Јавна соба“ со преку стотици учесници и исто толку материјали со експлицитна содржина.
Павле Беловски
