Uncategorized Вести Македонија Топ вести

„Моќната грчка армија“ одново во акција- срушени интернет страниците на комерцијалните банки

По, министерството за образование и владата минатиот месец, вчеравечер паднаа и интернет страниците на народната банка и сите комерцијални банки. Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците, информираа банките со потврда дека сметките на граѓаните и фирмите се безбедни, а нема ниту финансиска штета.

На ИТ јазикот нападот е ДДОС, а зад него стои хакерската група „Моќна грчка армија” која вчера објави на нивниот твитер профил дека извршиле упади во неколку македонски банки.

„ДДОС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници. Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата, информираат од Народна банка

Полицијата трага и собира докази во интернет просторот. Но, тоа не им пречи на хакерската група под псеводнимот „моќната грчка армија“ одново и одново да упаѓа во државни и приватни сервери во нашата земја.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР е во комуникација со надлежните институции со цел обезбедување на повеќе информации и податоци за ддос нападите на веб страни на банки во нашата држава, кусо информираат до МВР

Уривањето на итнернет страниците било најавено на 20 ти февруари од дрските компјутерџии.

Тие од почетокот на годината се одговорни за упадот на серверите на интернет страниците на министерството за образование, владата, а пред да ги урнат банкарските страници во земјава ја хакриле интернет страницата на министерството за здравство во Украина.

Целта не им е политичка ниту националистичка. Во интервју за порталот Инфомакс минатиот месец зборувајќи со сокриен идентитет велат дека целта им се владите во целиот свет и заштита на сите граѓани.

Дека немало обид да стаса во финансиски доверливи информации потврдуваат и од Народна банка од каде уверуваат дека се следат лобалните трендови за безбедност од овој тип дигитални закани на кои се почесто мета во змејава се државни институциите и приватни субјекти, а до сега никој не е откриен, ниту казнет.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе