Вести Македонија Топ вести

ФОТО/ВИДЕО: Кој подметнува пожари во Пајко маало, изгоре уште една куќа која има културно-историска вредност

Опколени со седиштата на Финансиска полиција, Финансиско разузнавање, Антикорупциска комисија, на телекомуникациски оператор и на 50-тина метри од МНР, куќите во скопското централно Пајко маало букнуваат и горат една по една.

Ноќта петок кон сабота (12/13.02.2022.) изгоре уште една куќа стара повеќе децении и со културно-историска вредност. За горењето на семејната куќа, објавија правнуците на сопственикот кој што ја изградил.

Куќата била изгасната од противпожарна единица на град Скопје, а потоа на влезната дрвена капија е ставена и полициска лента за потребите на истрагата. Се наоѓа во делот познат и како адвокатска улица во Скопје.

Сопствениците се сомневаат дека е подметнат пожарот и дека не е  првпат да гори куќа во овој дел на Скопје, опколен, но незаштитен од многубројните безбедносни институции во непосредно соседство. Сличен инцидент имаше и во септември лани, во куќа веднаш до оваа која изгоре за време на викендот.

Покрај тоа изгореа уште две бараки во Градски парк во близина на стадионот „Тоше Проевски“.

Од полицијата засега нема информации за причината за пожарот, а изгорената куќа не е пријавена ниту во неделниот ниту во понеделничкиот утрински билтен на МВР.

Денеска попладне МВР објави детали за пожарот: -Нa 13.02.2022 во 04.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„102“ настанал пожар во куќа сопственост на А.А.П.(58) од Скопје, која под наем ја користеле две фирми. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.  Увид извршила екипа на СВР Скопје.

Сомневањата на семејството се дека најверојатно станува збор за како што велат активности на градежната мафија, бидејќи изгорените куќи во Пајко маало се на атрактивна локација во центарот на главниот град, речиси на брегот на реката Вардар.

Досега нема никакви информации како завршија истрагите за пожарите во градски парк и во Пајко маало кои се случија минатата година.

Тогаш повеќе противпожарни возила интервенираа и ги изгаснаа пожарите, а во близина на поранешниот суд за прекршоци кој изгоре по напуштањето беше најдена и канта со бензин користена за подметнување на пожарот.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети: Куќа не се одржува со кредити, ние си обезбедуваме леб со работа, тие што така мислат го видоа резултатот на 24 април

Дејан Дејан

Битиќи: Резултатот е 0:0, сè уште нема победник и поразен, одлуката ќе падне на 8 мај

Дејан Дејан

(Видео) „Бисер Балкански“ од грлата на 508 млади полицајци при нивната промоција во Идризово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе