Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Околу 300 000 вакцини Фајзер ќе бидат уништени на Дрисла на крајот на февруари – од Март пристигнуваат и педијатриските дози

Околу 300 илјади дози вакцини на Фајзер наскор ќе завршат на депонијата Дрисила затоа што им истекува рокот на важност. Од Mинистерството за здравство информираат дека рокот на употреба е до крајот на февруари, а потоа ќе отпочне  постапка за нивно уништување.

Но од таму уверуваат дека на залиха има доволно количини вакцина, а се очекуваат и нови пратки.

„Во моментот Министерството за здравство располага со 447.070 дози на вакцини против КОВИД-19, производ на Фајзер, како  со одредени количини вакцини на Синофарм и Синовак, кои се користат за втора доза. Кон крајот на идната недела се очекува да пристигнат 250 илјади дози вакцина Фајзер, донација од Италија,  преку COVAX механизмот.  Дополнително, нови 500 илјади дози Фајзер ќе се испорачаат од мај до декември годинава преку  директниот договор меѓу Владата и производителот Фајзер” -информираат од Министерството за здравство .

Наскоро ќе пристигнат и првите количини на фајзерови вакцини за деца од 5 до 11 години, најавуваат од здравство.

„Од  март 2022, заклучно со декември 2022 година ќе се испорачуваат 10 илјади педијатриски дози вакцини од производителот Фајзер, а кои се наменети за деца од 5 до 11 год. возраст, велат за Телма од Министерството за здравство.

Во Македонија досега од вкупното население вакцинирани се 40 проценти. Две дози примиле 840 илјади граѓани, а три 128 илјади.

Најголем број на вакцинирани лица 100.000 регистрирани се  во 33-та недела од 2021 година. Интересот сега е драстично намален, па бројот на аплицирани дози измината недела изнесува вкупно 7.600.

Најголем е интерeсот за вакцинација против КОВИД-19 во Кавадарци и Неготино со 68 проценти од населението над 18 години, а најмaлку има во Струмица, 35 посто.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Дејан Дејан

Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа

Дејан Дејан

Цените на нафтата растат, фјучерсите потонаа за речиси 500 поени поради извештаите за експлозии во Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе