Вести Македонија

На улици и тротоари се продава домашното земјоделско производство од полошко

Домашното земјоделско производство од полошко кое претежно се продава и на големо, наместо на соодветна локација, со децении се продава на улици и тротоари во населбата Горна Чаршија како и долж коловозот кој води кон тетовската жичара и тетовското Арабати Баба Теќе.

Во четврток овие јавни површини се зафатени од земјоделски продукти, оти како што ни рекоа нашите соговорници, друга алтернатива немаат.

-Властите постојано ни ветуваат дека ќе најдат некоја локација за нас, оти тука на улица и тротоар не се продава. Некогаш има акција, полицијата не брка, ни пишуваат казни, а и сметаме, создаваме гужви ние практично сме ги узурпирале јавните површини. Не сме заштитени ниту од ветер, снег, дожд, но што да правиме друг избор немаме, истакна еден земјоделец од гостиварска долна Бањица.

Претходната локална власт ветуваше дека ќе се изнајде соодветно место за продажба во овој дел на градот за домашни земјоделски производи, локација кој ќе биде наменета и како за пазар на големо. Како можно место го посочуваа земјиштетото на поранешниот воспитно – поправен дом, кое се наоѓа на неколку километри од тетовското Арабати Баба Теќе.

Но, од ветеното ништо се реализира, земјоделците и натаму продаваат без никакви услови и стандарди.

Сегашната градска власт пак на земјоделците им забрани да продаваат на јавни површини, освен во четвртоците. Оттаму истакнаа дека со во фаза на изнаоѓање локација за пазар за населението од руралните подрачја кои моментално продаваат во горниот дел на градот по тротоари и улици. Кога ќе изнајдат место за оваа намена, тогаш ќе се ослободат јавние површини каде во иднина нема да биде дозволена продажба, истакнаа од локалната самоуправа.

Зоран Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе