Министерството за здравство од денеска ќе го води Беким Сали, од Алетрнатива. Ќе го замени досегашниот министер Венко Филипче, кој беше на оваа функција 4 години, од кои две години во време на пандемијата на ковид-19.
Во обраќање до јавноста пред примопредавањето на функцијата Филипче вели дека и покрај сите предизивици со глобалната ковид-криза, направени се темелни промени во здравството, на кои е горд.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
