Вести Македонија

500 евра глоба и одземени сообраќајни дозволи на комбињата на “Ројал Травел” и “Беса Транс” кои на диво превезуваат патници

По 500 евра глоба за сопствениците и одземени сообраќајни дозволи на комбињата со кои „Ројал Травел“ и „Беса Транс 2“ викендов, на диво превезуваа патници, претежно деца до Попова Шапка.

Ова се казните кои Државниот инспекторат за транспорт им ги изрече на двете компании откако нивни инспектори во саботата ги запреа двете полни комбиња на пат кон ски центарот.

Доколку сопствениците на овие две компании, поранешниот возач во „Беса Транс“ и  сопругата на Хаџиу, во рок од 8 дена дојдат во Инспекторатот за да се порамнат, паричната казна се намалува за половина.

Сепак сообраќајните дозволи ќе останат во МВР до истекувањето на предвидените триесет дена што најверојатно ќе  ги спречи барем со овие две комбиња да продолжат со транспорт на патници на црно.

Од министерството за транспорт и врски потврдија дека „Ројал Травел“ и „Беса Транс 2“ ниту побарале лиценци ниту фигурираат во системот на министерството што очигледно не ги спречуваше секојдневно да превезуваат патници од Рашче до Бит Пазар и назад.

„Ве информираме дека за превозниците за кои посочувате, до денеска во Министерството за транспорт и врски не се доставени пријави со барање за добивање на лиценца односно извод од лиценца и не постојат во единствената база на системот на Министерството“ – велат од Министерството за транспорт и врски.

Од Град Скопје, нема информација околку казната изречена на „Ројал Травел“ чие комбе полно со патници беше фатено во саботата на градските улици.

А соселанецот на Хаџиу и екс шофер во „Беса транс“ кој фигурира како сопственик на “Ројал Травел“ од министертвото за економија побарал да му се издаде лиценца за туристичка агенција а додека ја чека на социјалната мрежа „Фејсбук“ нуди аранжмани за Истанбул, три дена со две ноќи за 99 евра и гратис ПЦР тестирање.

Од економија соопштија дека досега кај нив не е доставена било каква пријава од било кој надлежен орган за евентуални прекршоци напарвени од оваа компанија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина филмската и музичка ѕвезда Оливера Катарина

Дејан Дејан

ЈП Паркови не исплаќа оштета за ветер посилен од 60км/ч – како се наплатува осигурување за оштетни завтомобили во невремето

Sonja Petrusevska

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе