Во пресрет на утрешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков, Стопанската Комора на Македонија со отворено писмо до него. Во писмото, во кое лично у се обраќа претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески, вели дека на бизнисмените во Македонија не им требаат уставни преамбули, ниту параграфи за да ги почитуваат Бугарите.
Азески, во писмото, вели дека се надева дека Петков, кој најавува нов пристап во односите со Македонија, ќе помогне нашата земја да не се наоѓа во толку понижувачка позиција која ја довеле претходните политичари од Бугарија. Имено, тој укажува дека Европа им се смее и на двете земји, Бугарија и Македонија за тоа што е толку малку направено на економски план досега, како на пример неуспехот да се поврземе железнички цели 30 години, за лошата состојба на граничните премини кои наликуваат како од 19-ти век. Азески го повикува Петков да искористи својата моќ, како премиер на држава во ЕУ, и да направи комисија на иднината и да се решат овие прашања. Да се поттикне соработката, да се поврземе железнички, да се модернизираат граничните премини, да се отворат нови и да се олесни трговијата. Азески ги набројува и фактите за неуспешната економска соработка, како на пример дека мешовитата комисија за економијата е состаната само еднаш, и тоа пред 3 години. Македонија и Бугарија имаат потпишано спогодба во 1999 година за воздушен сообраќај, која и по 22 години не е спроведен. Стопанската комора на Македонија се нуди со целиот свој капацитет, во наредните две години да го подигне нивото на економска соработка на една милијарда долари, а историчарите нека расправаат колку сакаат, затоа што тие имаат време, а нашето се плаќа со големи камапти, се вели на крајот од отовреното писмо од претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, до бугарскиот премиер Кирил Петков.
