Македонија

Поради високата цена на метанот ќе бидат исклучени од сообраќајот автобусите на приватните превозници

Здружението на приватни превозници „ Слобода превоз“, најави исклучување од сообраќајот на 21 автобус што вози на метан , а причина е , како што велат, енормното поскапување на цената на ова еколошко гориво. Од Здружението бараат од Град Скопје и од Владата да ја  субвенционираат набавката на метан. Растот на цената од 50 на 110 денари за килограм на метан кубен метан, предизвика економска штета кај приватните превозници. Во услови кога ЈСП и должи на „ Слобода превоз“ , 43, 5 милиони денари, а тие пак им должат на добавувачите на нафта и метан,  секој од приватните превозници е задолжен со 5 до 15 000 евра, за да опстане. Од тие причини директорот на „ Слобода превоз“, најави дека барањата ќе бидат доставени до Град Скопје и до Владата во писмена форма, а нема да има корекции на цената на автобуските билети.

  •  Ние сега ќе се обидеме тие автобуси да не ги вклучиме максимално колку што можеме. Затоа што за сега цената е неподнослива. Нема никаква исплатливост бидејки не е таа цена земена во пресметката по километар. За пресметката по километар , по која што не исплаќаат, како репер се зема нафтата како погонско гориво. Бидејќи во поново време ги набавивме возилата, како понови еколошки, не е земена превдив таа пресметка. За тоа ќе разговараме со Градот , дали ќе се земе цената на тоа погонско гориво за автобусите што ќе бидат вклучени на метан.Ќе има измена на одлуката за исплата по километар или Владата ќе влезе . Би требало Владата минимум да делува со 50%, за да ја имаме цената од пред енормното поскапување, вели директорот на Здружението на приватни превозници на Град Скопје , Ленин Јовановски.

Според Јовановски, приватните превозници би биле задоволни со приближна цена со таа на нафтата. Целта е да се користат автобусите на метан како фактор за замалување на загадувањето на воздухот во главниот град.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ветрот откорна дел од покривот на ООУ „Владо Тасевски“ – оштетени возила, над 1.000 повици на бројот 112

Sasko Dimovski

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во Шутка

Sasko Dimovski

(Видео+фото) Откорнати лимови од покриви, скршени дрвја и гранки – апокалиптични сцени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе