Во регионот Бристол во Масачусетс, кучињата Ханта и Дјук од расата лабрадор ќе се користат за откривање на луѓе со коронавирус.
Кучињата кои можат да детектираат површини со коронавирус и да реагираат со седење на тие места ќе бидат однесени во училишните области Фритаун, Лејквил и Нортон оваа недела.
Окружниот службеник Пол Доглас рече дека кучињата можат да го откријат коронавирусот, без оглед на тоа дали станува збор за варијантата Омикрон или Делта.
Кучињата биле обучени преку програма развиена од Меѓународниот институт за форензички истражувања на Универзитетот во Флорида.
