Вести Македонија Топ вести

Репортажа на Телма: Со пладневниот воз од Битола до Скопје

Со пладневниот воз од Битола до Скопје  тргнавме на патување да видиме какви се условите и зошто се помалку патници го користат железничкиот сообраќај. Половина час пред поаѓање возот е веќе поставен, се   прават последните подготовки, но во чекалницата и  на  пероните  одамна го нема метежот од патници како некогаш, иакo ова  се уште е најевтиниот транспорт.

  • Има  денес многу патници?, го пршавме вработнеиот во билетарницата
  • Нема да има денеска, одговори тој

Патничкиот  воз од Битола за Скопје тргна точно на време.  Во гарнитурата  со околу 200 седишта на почетната станица се качија 28 патници.

  • Добар ден, вашиот возен билет, помина  кондуктерот од сите патници

До крајната дестинација, до Скопје,  се потребни 3,5 часа. Познатиот експресен  воз „Пелагонија“ , кој патуваше за помалку од 3 часа е укинат. Многу станици и опасни премини на пругата го забавуваат патувањето.

  • Колку  попатни станици имаме  до Скопје?
  • Попатни до Скопје имаме некаде триесетина. Засега сме навреме. Овие  патни премини се премногу опасни, рече машиновозчатот Николче Лисолајски.

Македонските  возови не се доволно брзи, често се расипуваат, постојано  се укинуваат линии, а нема ниту меѓународен транспорт на патници. Има 4 релации – од Скопје кон Табановце, Велес, Гевгелија и  Битола, останатите  времено не сообраќаат.

Има само 3 моторни гарнитури и 2 локомотиви во патничкиот сообраќај, а од МЖ Транспорт велат дека не се доволно за да се организира планираниот возен ред.

  • Додека во Европа и светот желензичкиот сообраќај е се поатрактивен, кај нас возовите се се попразни. Сепак железничкиот превоз, иако малку,  има свои редовни патници
  • До каде патувате?
  • До Вашарејца.
  • Често патувате?
  • Често.
  • Зошто со воз? Затоа што в село застанува, супер е патувањето, иако некогаш доцни возот, вели една редовна патничка
  • Добро е, некогаш се случува да е ладно ноќно време, рече студент.
  • Супер ми е, уживааме кога треба  да заминам со воз, рече друг патник.

И покрај сите недостатоци, вработените во МЖ Транспорт   не  пропуштаат  да потсетат дека возот нуди предности кои ги нема ниту еден друг транспорт

  • Преднсоти има многу. Временските непогоди не се  пречка, има поголем капацитет, покомотен е, имаме толаети, безбедноста е на високо ниво,  рече Николче Силев, кондуктер во МЖ 
  • Најмногу патници има во Битола и Гевглеија, најмногу фреквенција на патници има таму, рече Драган Атанасов, кондуктер во МЖ

Официјалната статистика  го потврдува катастрофалниот пад на патници последните години. Ако во 2011 со воз патуваа 1,4  милиони  луѓе, лани имаше 250 илјади патница, а најверојанто годинава ќе биде уште полоша.  Од Македонски железници за следната година најавуваат инвестиции од 400 илајди евра за модернизација на возовите.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе