Вести Македонија Топ вести

Сеад Кочан е на предлог-листата за помилување, се предлага и намалување на затворската казна

Сеад Кочан е на предлог-листата за помилување, кој затворската управа на Идризово го испратила до Правда. Оттаму велат, списокот со затвореници се уште се разгледува, пред да биде испратен до шефот на државата, кој ќе го има кончениот збор.

Во случајот затворот Идризово, меѓу другото, предлага и намалување на затворската казна за  Сеад Кочан за шест месеци, што во ниту еден случај не значи целосно ослободување од казна, информираат од Правда за Телма.

Во овие, како и во сите други групни помилувања Министерството за правда е само една од неколкуте институции кои се дел од процесот, потенцираат оттаму.

Течат консултации за листата чија финална веризја ќе биде испратена до Комисијата за помилување, во Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Бизнисменот Сеад Кочан беше осуден на 6години затвор, бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ, вреден 17 милиони евра. Апелација му ја намали казната на 4 години и 8 месеци затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе