Вести Македонија Топ вести

Критики од јавноста за Данела Арсовска која ја стопираше реализацијата на автобуско метро во главниот град

Силни критики во јавноста за градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која ја стопираше реализацијата на автобуско метро во главниот град и го стопираше проектот за кого беше потпишан и Договор со Европската банка за обнова и развој, за кредит од 70 милиони евра.

Таа ни денеска не најде за потребно да застане пред камерите и да одговори на прашањата на јавноста, додека новинарите за нејзините активности откако ја врши функцијата градоначалник се информираат само од соопштенија за јавност испратени од нејзиниот кабинет.

Бројни споделувања изминатото деноноќие имаше и фотографијата објавена на нејзиниот официјален ФБ профил под која пишува дека Град Скопје решил еден од најголемите проблеми на скопјани – нивелирање на шахта.

Таа ги нарече реакциите – политикантство. На денешниот брифинг најави ревизија на работењето на сите директори на јавни претпријатија, како и на администрацијата на градот.

Без изјава во камера вети дека за Нова година ќе има концертна забава и тоа со музичари од Македонија, а организацијата на „Винтерленд“ ќе го чини Градот Скопје половина од цената која во минатото ја плаќал Шилегов.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе