Со помош на алги се изгнасна виничката депонија која беше еден од поголемите загадувачи на неколку општини во кочанско-виничкото поле. Првата фаза од третманот е завршена, деновиве почнува втората фаза. Градоначалникот, Миле Петков вели дека ова е само привремено решение. Спасот го гледа во изградбата на регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци.
Дваенаесет години се реализира проектот за изградба на современ систем за отпад за 18 општини од источниот и североисточниот регион. Општините досега добија нови камиони и контејнери. Јавно претпријатие кое ќе стопанисува има, но нема назначено директор.
Доцнат постапките и околу чистењето и затварањето на депониите. Избрани се фирми за двата региони. Постапката ќе чини околу 10 милиони евра. Деновиве на состанок ќе се утврди и кога ќе почне затварањето на депониите и изградба на претварна станици, но целиот овој процес најверојатно ќе стартува по Нова година. Додека за изградбата на фабриката за отпад, тендерската докуменатција се уште е во Брисел.
Ова значи дека и изградбата на фабриката ќе доцни, првично беше предвидено со работа да почне во 2023 година. Засега источниот и североисточниот региопн се најблиску до депонија, која ќе биде изградена со сите стандарди.
Викторија Димитрова Јованова
