Вести Македонија Топ вести

Штипскиот Кризен штаб вечерва заседава за зголемениот водостој на Брегалница

Зголемениот водостој на реката Брегалница во штипскиот регион ги алмираше институциите. Тие се подготвуваат да заштитат одредени делови од реката, а вечерва во 21:30 часот е закажан состанок на Кризниот штаб, кој го свика градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Тој за МИА вели дека водостојот на Брегалница, која поминува низ градот Штип е зголемен и тоа кај населбите „8 Ноември“ и „Ново Село“, а надлежните од ЈП „Исар“ стравуваат да не дојде до зголемување на водостојот и излевање на реката, со што би дошло до поплавување на бунарите, од коишто Штип се снабдува со вода за пиење.

Киро Маџунаров, кој речиси три децении секој ден го мери водостојот на реката Брегалница, кај штипско Ново Село, а исто така и врнежи од дожд и снег,  вели дека попладнево измерениот водостој на реката бил над два метри. Посочи дека загрижува зголемувањето на водостојот, но низ годините и неговите податоци покажуваат дека критично ниво и алармантно за штипскиот регион е кога нивото на водата ќе достигне над два и пол метри, по што доаѓа до излевање на водата од коритото. Забележува дека невообичаено е за овој период од годината да има поголеми, пообилни врнежи од дожд, со што доаѓа и до зголемување на водостојот на Брегалница, но и на нејзините притоки. Од Штип во вестите во 21.30 се јави Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доживотен затвор за синот од Богданци кој ја уби мајка си со нож

Kristina Kuzmanovski

Зеленски предложи нов министер за одбрана – протестите заради смената на Федоров не запираат

Kristina Kuzmanovski

Савевски: Обвинителството ќе одлучи дали ќе вложи жалба на ослободителната пресуда за Талир2 по писмената верзија на пресудата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе