Вести Македонија Топ вести

ФОТО: Украдени капаци од шахти во Аеродром заменети со автомобилски гуми

Отворени шахти во скопски Аеродром од септември се закана за безбедноста на граѓаните кои минуваат околу Три бисери.

За заштита, граѓаните од соседните згради ставиле автомобилски гуми врз нив како заштита некој да не падне во метар длабоките дупки.

Како што ни кажаа станарите, надлежните од Водовод сметаат дека станбената заедница од зградата треба да ги замени бидејќи се во непосредна близина на објектот

Кражбата е пријавена во полиција,  но резултати од истрагата нема ни по повеќе од три месеци.

Во  последните месеци  е зголемен број на пријавени кражби на капаци и други метални делови од шахти.

Скопски Водовод во повеќе медиумски настапи најави дека работи на проект со кој капаците на шахтите ќе бидат обезбедувани односно заклучувани со посебно дизајнирани клучеви со што ќе биде оневозможено крадење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе