Вести Македонија Топ вести

Почна втората фаза од чистење на виничката депонија, еден од најголемите загадувачи во овој регион

Со помош на алги се изгнасна виничката депонија која беше еден од поголемите загадувачи на неколку општини во кочанско-виничкото поле. Првата фаза од третманот е завршена, деновиве почнува втората фаза. Градоначалникот, Миле Петков вели дека ова е само привремено решение. Спасот го гледа во изградбата на регионалната депонија кај светиниколското село Мечкуевци.

Дваенаесет години се реализира проектот за изградба на современ систем за отпад за 18 општини од источниот и североисточниот регион. Општините досега добија нови камиони и контејнери. Јавно претпријатие кое ќе стопанисува има, но нема назначено директор.

Доцнат постапките и околу чистењето и затварањето на депониите. Избрани се фирми за двата региони. Постапката ќе чини околу 10 милиони евра.  Деновиве на состанок ќе се утврди и кога ќе почне затварањето на депониите и изградба на претварна станици, но целиот овој процес најверојатно ќе стартува по Нова година. Додека за изградбата на фабриката за отпад, тендерската докуменатција се уште е во Брисел.

Ова значи дека и изградбата на фабриката ќе доцни, првично беше предвидено со работа да почне во 2023 година. Засега источниот и североисточниот региопн се најблиску до депонија, која ќе биде изградена со сите стандарди.

Викторија Димитрова Јованова

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето Шпанија-Аргентина на СП, се расплака кога го известија

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Свлечиште затрупа згради во Кина, луѓе заробени под урнатините

Kristina Kuzmanovski

Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици во снабдувањето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе