Пороен дожд следен со грмотевици и град утринава го зафати Сплит. Невремето за неполн час ги поплави улиците од градот, поради што на терен мораа да излезат пожарникарите, и вработените во градскиот водовод, како и полицијата. Големото количество вода го поплави центарот на градот, а водата навлезе и во угостителските објекти, како и во подрумите на Диоклецијановата Палата. Бројни автомобили исто така завршија под вода. Од итната служба соопштија дека до 11 часот имале десетици јавувања, а најмногу е интервенирано за испумпување на водата. Метеоролошката станица во Сплит регистрирала дури 47 литри врнежи од полноќ па до раните утрински часови, а дождовите се очекува да продолжат и во текот на целиот ден. Поради невремето, и на крајбрежјето е активиран жолтиот аларм, што е предупредување за потенцијално опасна временска прогноза.
Невреме во Далмација, дождот го поплави Сплит
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
