Вести Топ вести

ДУИ бара од Заев да го заврши својот мандат како премиер до 2024

Откако Зоран Заев синоќа ја ефектуираше својата оставка како лидер на СДСМ неговото повлекување од премиерската позиција е неизвесно. Коалицискиот партнер на социјалдемократите во владата, ДУИ, денеска со став дека Заев треба да почека.

„Во однос на оставката на местото премиер на владата на РС Македонија сметаме дека за тоа треба да се почека. Имаме многу битни прашања пред нас, во месеците кои што следат, и сметаме дека заедно со господинот Заев на чело на таа влада ќе треба да ги заокружиме сите тие процеси, вклучително и испраќање на позитивен одговор на сите прашања кои што се дел од дијалогот со соседна Бугарија“, рече Артан Груби, прв вицепремиер на Владата.

Груби не одговори директно дали доколку Заев сепак поднесе оставка на премиерската функција ДУИ би прифатила нов мандатар од СДСМ или пак ќе се оди на предвремени избори, но рече дека Заев треба да го заврши мандатот до 2024 година. За предвремени избори, како што рече Груби, евентуално би се дискутирало тие да бидат заедно со претседателските, во мај 2024 година.

Но ако ДУИ не се согласува со повлекувањето на Заев од премиерската позиција, на иста линија е со својот коалициски партнер дека парламентарното мнозинство во собранието се стабилизирало и ќе се зголеми. Сепак ниту СДСМ, ниту ДУИ не откриваат кој е 61-от пратеник за кој тврдат дека го стабилизирал парламентарното мнозинство.

„Во тој дел очекувам да се завршат прво процесите, па да сето тоа се објави се обзнани“, изјави министер за здравство, Веко Филипче.

 

„Шеесети и првиот пратени е еден од 120 пратеници во Собранието“, одговори Груби.

Од ДУИ велат дека тие нема да учествуваат во разговорите со Алтернатива за зголемување на парламентарното мнозинство, оти за тоа надлежност има Заев. Неофицијално, средбата на Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, за влез на неговата партија во владата ќе се одржи на почетокот од идната недела, откако вчера највисокот партиското тело му даде овластување на Гаши да започне разговори за владино коалицирање.

Заев пак кој синоќа не излез во јавност по неколкучаосвниот состанокот на Централниот одбор на СДСМ да ја соопшти својата оставка, туку тоа го направи партискиот портпарол, од партијата доби овластување да ги води разговорите за вклучување на Алтернатива во владеачкото мнозинство. Централниот одбор на партијата пак констатирајќи ја неговата оставка како партиски лидер ги закажа внатрепартиските избори за избор на негов наследник за 12 декември.

Во јавноста неофицијално како наследник на Заев веќе се промовира Димитар Ковачевски, чие име вчера било споменато на состанокот на Централниот одбор на СДСМ. Сепак од партијата не сакаат да потврдат дали Заев со тоа и официјално пред партиските тела веќе го промовирал Ковачевски како свој наследник.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе