„Не е важно што ќе се случи со седницата, власта е делигитимирана“, вели лидерот на Беса Билал Касами и обвинува дека власта се користела со терористички методи.
Според Касами, видеото кое нивниот пратеник Кастриот Реџепи го објави на Фејсбук било снимено под притисок.
Ги молиме органите на редот службено да ја информираат јавноста дека знаат каде е пратеникот и дека е безбеден, и тој и неговото семејство. Во оваа ситуација повеќе не е важна неговата политичка позиција, рече касами.
Видеото се појави на социјалните мрежи во исто време кога Касами неговот изчезнување го пријави во полициска станица.
