Вести Македонија

Ограничениот напредок во заштитата повторно го враќа Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност

Природното и културното наследство на Охридскиот регион да се впишат на Листата- Светско наследство во опасност. Вака гласи одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, во пресрет на неговата 48 сесија што ќе се одржи во Бусан- Јужна Кореја од 19 до 29 јули. Во одлуката за Охридскиот регион, за која што ќе се гласа на 48 сесија, се вели дека има ограничен напредок во справување со идентификуваните и со заканите што се повторуваат и се очекува со впишување на регионот на Листата на светско наследство во опасност, тој да добие поголема заштита.

  • Со оглед на ограничениот напредок во справувањето со идентификуваните и повторувачките закани, Центарот за светско наследство и советодавните тела сметаат дека условите за такво запишување, во согласност со ставовите 179 и 180 од Оперативните упатства, продолжуваат да се исполнуваат, и дека запишувањето на Листата на светско наследство во опасност би можело да придонесе за посилна мобилизација и порешителна акција за запирање и враќање на тековната деградација на имотот, се вели во одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Нелегалните градби и проблеми со урбанизацијата, нерешените проблеми со загадувањето и отпадните води, отсуството на оценка за животната средина и незакајната прекугранична координација со Албанија, која од 2019 година е вклучена во Охридскиот регион поради нејзиниот дел од езерото , се нотираните ризици во одлуката на Комитетот за светско наследство.

Тој бара двете држави да развијат заеднички корективни мерки за прекугранична соработка, со јасен временски рок за имплементирање , врз основа на препораките на реактивните мисии од 2020 и 2024 година и нов извештај до 1 февруари 2027 година, за состојбата на зачувување на наследството и спроведување на мерките.

Комитетот и минатата година, пред 47. сесија предложи Охридскиот регион да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Но, по доставениот амандман од нашата влада, УНЕСКО им даде уште една година на Македонија и Албанија за надминување на проблемите.

 

Сотир Трајков

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Kristina Kuzmanovski

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе