Вести Свет

Трамп: Ќе ги бомбардираме електричните централи и мостовите во Иран ако не се вратат на преговорите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека следната недела ќе ги нападне мостовите и електраните во Иран доколку земјата не се врати на преговори.

Овие изјави беа дадени во интервју за неговиот омилен ТВ канал, „Фокс њуз“, емитувано додека двете земји четврти ден по ред разменуваа напади.

Претходно, Трамп ја повлече заканата за воведување такса од 20% за целиот товар што поминува низ Ормутскиот Теснец, но повторно воведе блокада на иранските пристаништа.

„Следната недела работите ќе станат навистина лоши за нив“, изјави Трамп. „Ќе ги уништиме сите нивни електрани. Ќе ги уништиме сите нивни мостови, освен ако не седнат на преговарачка маса и не започнат преговори.

Претходно, уште во април, Доналд Трамп се закани дека ќе ја бомбардира цивилната инфраструктура во Иран, вклучувајќи ги мостовите и електраните.

Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Тирк, тогаш одговори:

„Според меѓународното право, намерното напаѓање цивили и цивилна инфраструктура претставува воено злосторство.“

Женевските конвенции од 1949 година, кои ги регулираат хуманитарните правила за водење војна, забрануваат напади врз објекти што се сметаат за неопходни за цивилното население.

Но Трамп повтори дека дека американските преговарачи во вторникот вечерта им порачале на иранските претставници: „Подобро склучете договор, инаку нема да ви остане ништо.“

Заострувањето на реториката доаѓа откако Трамп изјави дека најавената такса од 20% за товарот што поминува низ Ормутскиот Теснец ќе биде заменета со „масивни“ трговски и инвестициски договори со земјите од Персискиот Залив.

Обновените судири меѓу САД и Иран предизвикаа нагло зголемување на цените на нафтата, бидејќи танкерскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец речиси целосно запре.

Ова уште еднаш ја нагласува стратешката важност на овој морски премин. Иран ги обвинува САД дека се мешаат во управувањето со Ормутскиот Теснец, но истовремено контролата врз него му овозможува на Техеран да има значително влијание врз светската економија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Кривична против таткото на Меланија за физичко и психичко насилство врз семејството за што јавно алармираше неговата ќерка

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе