Економија Топ вести

Надлежните кријат колку резерви на јаглен има за РЕК Битола – според неофицијални информации на Телма, за само неколку денови

Надлежните ги кријат информациите колку резерви на јаглен имаме и за колку денови со нив РЕК Битола може да произведува струја. Според неофицијални информации на Телма на депонијата има недоволна количина јаглен која може да покрие само неколку денови производство на струја. Но, никој од надлежните не сака ниту да ја потврди ниту да ја демантира оваа информација.

Телма со денови се обидува да добие одговори од ЕСМ околу тоа колку јаглен имаме.  Но, иако ни ветија прецизни бројки уште вчера, ниту денеска не добивме прецизен одговор, туку повтторно паушачно уверување  дека производството е стабилно

Производството на електрична енергија е стабилно и снабдувањето на домаќинствата се одвива редовно и непречено. Како што беше изнесено по заедничкиот состанок на енергетските компании и РКЕ, сите енергетски и други надлежни институции работат на заедничко решение и вложуваат координирани напори за надминување на настанатата состојбата, велат од АД ЕСМ.

Од Министерството за економија пак се повикуваат на ставот на ЕСМ. Не одговорија врз база на што се направени проценките дека нема услови за прогласување на кризна енергетска состојба во земјава кога според Указот на кој се повикуваат министерот мора на маса да ги имал сите биланси на енергетските компании меѓу кои и тој на ЕСМ. Бектеши пак вчера тврдеше дека не ги знае.

И владата на вчерашната седница разговарала за состојбата во енергетиката и за потребата од итна набавка на јаглен за РЕК Битола и велат дека се во контакт со владите од земјите каде што има понуда за увоз на јаглен.

И додека ЕСМ на втор тендер се обидува да набави 900.000 тони јаглен за РЕК Битола, се прават калкулации од каде да се набави мазут за активирање на ТЕЦ Неготино. Според информации на Телма веќе имало состанок со нафтените компании од Стопанската комора, а ќе има уште една средба во владата. Треба да се распише јавен повик за итна набавка на мазут, и треба да се прецизираат деталите околу транспортот Директорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ за Телма вели дека имаат резервни количини со кои може да почнат со производство додека не се набави потребниот мазут.

Според него, за активирање на ТЕЦ Неготино потребни се 20.000 тони мазут месечно за работа на 1 блок кој ќе произведе 90 мегават часови струја. Додека пак за два блока требаат 40.000 тони мазут месечно. Тоа би значело дека за работа на еден блок се потребни 650 тони мазут дневно, а за два блока над 1.300 тони.

Инаку ТЕЦ Неготино не работи од 2009 година.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Пендаровски зборува како кандидат за премиер, го мобилизира членството на СДСМ и го глуми Зоран Милановиќ

Дејан Дејан

Ранѓеловиќ во „Топ тема“: Следи тесна битка за претседател меѓу двајца кандидати, Македонија нема да погреши со било кој од нив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе