Вести Ковид19 Топ вести

Ниту еден позитивен случај помеѓу учениците не е откриен од досегашниот скрининг

Продолжува скринингот за Ковид-19 во основните и средните училишта, а досега не е откриен ниту еден позитивен случај. Од почеток на пандемијата досега во државата од Ковид-19 починале над 7.000 граѓани. Ревакцинирани се 46 отсто од полнолетната популација, а во битката против Ковид-19, Министерството за здравство ќе го набави и лекот „Молнупиравир“.

Скринингот за Ковид-19 кој се спроведува во основните и средните училишта не откри ниту едно дете позитивно на коронавирусот, Изјави министерот за здравство Венко Филипче

Тој рече дека до крајот на неделата ќе бидат тестирани околу 500 ученици.

Скринингот на Ковид-19 се спроведува со цел да се откријат асимптоматските носители на вирусот меѓу учениците и да се добие целосна слика на неговата трансмисија во училиштата. Тој треба да опфати околу 8.000 ученици.

Вчера беше забележан пораст на нови случаи на позитивни на коронавирусот. Од 3.073 тестирања беа регистрирани 490 случаи или околу 16 проценти. Претходно тој процент во работните денови се движеше од 10 до 15, а викендите под 10 отсто. Во претходното деноноќие беа пријавени и 11 смртни случаи и 201 оздравен пациент.

Досега се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 198.646, бројката на оздравени е 185.660, а на починати е 7.012. Бројот на активни случаи е 5.974.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3008, Куманово – 481, Велес – 294, Прилеп – 236, Охрид – 203, Штип – 202. Во другите градови има под 200 активни, а во Демир Капија само еден случај на коронавирусот.

Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани, соопшти вчера Министерството за здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе