Локални избори 2021 Македонија

Независните „Шанса за Центар“ ги одбија ВМРО-ДПМНЕ за формирање мнозинство во советот во Општина Центар

Додека државната изборна комисија брои и пресметува кој колку советници освоил според бројот на гласови, партиите се впуштија во постизборно коалицирање за општинските совети. ВМРО-ДПМНЕ отворено ја побара поддршката од независните советници и од партијата Левица во Општина Центар, а подадената рака е со цел формирање мнозинство во Sоветот кое засега го предводи СДСМ и коалицијата.

Додека Левица калкулира, незвисната листа „Шанса ЗА Центар# експресно ги одбија ВМРО-ДПMНЕ. Советот не е место за политички коалиции. Граѓаните очекуваат единство за квалитетни проекти, порача идната советничка Јана Белчева.

Според освоените гласови, „Шанса за Центар“ остануваат партиски самостојни со 3 советници или ист број колку што освои и партијата Левица. Останатите 17 места ќе им припаднат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која, пак, освои 34 проценти од гласовите и првично ќе го предводи мнозинстовто во советот на Општина Центар.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово, тројца поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе