Ковид19 Македонија

Минатата недела починале 105 лица, 79 од нив не биле вакцинирани

Министерството за здравство соопшти дека неделно ќе информира за починати лица со Ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

Во период од 8 до 14 октомври починале 105 пациенти со Ковид-19, од кои над 75 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти од Ковид-19 во период од 8 до 14 октомври само 26 биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.

Од 26-те починати лица, двајца биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со „Астра Зенека“, четворица со „Синовак“, а 17 со „Синофарм“.

На 8 октомври пријавени за починати се 16 пациенти со Ковид-19. Од нив пет биле вакцинирани: тројца на возраст од 84, 62 и 78 години имале кардиолошко заболување, а двајца на возраст од 63 и 73 години имале кардиолошко заболување и дијабетес.

На 9 октомври пријавени за починати се 18 пациенти, од кои само еден бил вакциниран, имал 80 години и две хронични заболувања дијабетес и кардиолошко заболување.

На 10 октомври пријавени за починати се 14 пациенти. Од нив тројца биле вакцинирани: еден на возраст од 64 години имал кардиолошко и малигно заболување, еден на возраст од 59 години имал кардиолошко заболување и еден на возраст од 68 години имал кардиолошко заболување и дијабетес.

На 11 октомври пријавени за починати се 18 пациенти. Од нив шест биле вакцинирани: еден на возраст од 72 години имал кардиолошка и белодробна болест, еден на возраст од 69 години имал кардиолошка болест, еден на возраст од 81 години имал кардиолошка болест и дијабетес, двајца на возраст од 56 и 76 години имале кардиолошко заболување, и еден на возраст од 64 години имал белодробно заболување.

На 12 октомври пријавени за починати се шест пациенти од кои само еден бил вакциниран, имал 80 години и немал нема хронично заболување.

На 13 октомври пријавени за починати се 20 пациенти. Од нив осум биле вакцинирани: четворица на возраст од 48, 77, 78 и 80 години имале кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабетес, еден на возраст од 61 година имал кардиолошко заболување и хипотироидизам, еден на возраст од 72 години имал кардиолошко заболување, дијабетес и бубрежно заболување, еден на возраст од 77 години имал кардиолошко и белодробно заболување и еден на возраст од 71 година имал кардиолошко заболување.

На 14 октомври пријавени за починати се 13 пациенти. Од нив четворица биле вакцинирани: двајца на возраст од 64 и 74 години имале кардиолошко заболување и дијабетес, еден на возраст од 75 години имал кардиолошко заболување и еден на возраст од 77 години имал невромускуларно заболување, информираат од Министерството за здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Ѓорѓиевски од „Македонско прасе“: Неопходни се засилени контроли

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе