Со присуство на 105 земји, девет делегации на меѓународни организации и 40 министри за надворешни работи во Белград денеска и утре се одржува Самит на неврзаните по повод 60 години од основањето на ова движење.
Српскиот претседател во својот говор истакна дека меѓународната соработка со почитување на основните принципи е единствен начин за развој и просперитет на човештвото и посочи дека Агендата за одржлив развој на ООН 2030 нагласува и промовира три принципи – мир и безбедност, развој и човечки права.
- Добредојдовте дома. Белград беше, е и ќе биде горд домаќин на секој човек со мир во душата. А основната идеја околу која се собраа нашите предци при основањето на ова движење е мирот. Мирот е темел за развојот на соработката, и тоа во политиката, културата или економијата. Меѓународната соработка со почитување на основните принципи и целта на повелбата на ОН е патот кон севкупна благосостојба и просперитет на целото човештво- Александар Вучиќ, председател на Србијa.
Тој ја нерече Србија, правен наследник на Југославија, основач на ООН и ДНЗ и не пропушти да истекне дека од сите борби, најболната е онаа насочена кон зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет, односно решавање на прашањето за Косово.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, нагласувајќи ја важноста на стратешкото партнерство меѓу двете земји, оцени дека е „време да се спроведат договорите постигнати пред неколку години“, особено за формирање на Заедница на српски општини на Косово.
- Секако, го земаме в предвид фактот дека нашите американски колеги ќе го искористат своето влијание. Тие имаат многу значајно влијание врз Приштина за да обезбедат нормален начин на на преговарачкиот процес и ќе придонесат кон спогодба во согласност со Резолуцијата 1244 на задоволство на нашите српски пријатели, рече Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Јавноста денеска дебатира дали српската држава го плаќа хирот на Вучиќ кој сака да се прикаже како Тито или Самитот на неврзаните е само за да обезбеди поддршка во спорот со Косово.
Во истовреме и членот на претседателството на БиХ од редот на Србите, Милорад Додик, рече дека земјата е „под протекторат на САД и некои земји на ЕУ“, по што ја обвини обвини меѓународната заедница за мешање во внатрешните работи на БиХ.
„Нееднаквоста и понатаму се шири низ светот“, рече турскиот министер за надворешни Чавушоглу, кој истакна дека иако е завршена Студената војна, биполарниот свет се претвори во мултиполарен. И покрај тоа што Труција е членка НАТО, еден од двата воени блока поради којшто во 1961 година како негова противтежа е формирано Движењето на неврзаните.
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев рече дека, Турција е „единствената земја која учествува на Самитот како посебен гостин“.
- Клучниоте историски принципи, како почитување на суверенитетот и територијалниот интергритет, воздржување од акти на агресија и немешање во внатрешните работи се сржта на Движењето на неврзаните- Илхам Алијев, председател на Азербејџан.
Движењето на неврзаните брои 120 членови и 17 земји набаудувачи. Првата конференција се одржа во 1961 година во Белград, главниот град на поранешна СФР Југославија, која беше еден од основачите на таа организација. Србија има статус на набљудувач во Движењето на неврзаните.
Билјана Ставрова
